Боите во домот:

Комбинирање на бои

Со боите до саканото расположение

Мистичната виолетова во домот

Син ентериер за живот на духовноста и мистеријата

Портокалова во домот

5 начини да декорирате со црвена боја

Белата боја во вашиот дом

Сите нијанси на жолта во вашиот дом

Значење на боите во детските соби

Розoва во домот

Избор на сјајност на боја

Совети за избор на вистинската боја за ѕидовите

Зелената во домот во неколку чекори

Тиркизна боја во домот

Бои во бањата

Избор на бои во кујната

Кафената – боја од природата

Метаметризам на боите во ентериерот

Сребрен сјај во домот

Луксузот на златната боја

Бои за топлото лето

Бои за релаксирана спална соба

Колор блокинг

Хармонија меѓу боите и мирисите

Кујнa во јарки бои

Боите на есента во ентериерот

Сивата во комбинација со другите бои

Румено-бакарна боја

Акцентирање со црвена

Акценти во жолта боја

Визуелно зголемување на просторот со бои

Пастелна сина и розова во ентериер

На што да се внимава при избор на боја за ѕидови

Сивата и зелената во пар

Убавината на бакарната боја

Минт и црна боја во комбинација

Палети бои во тренд за 2018

Совети за црно-бели ентериери

Пурпурна боја во домот

Бои во работно катче во домот

Внесување сива боја во ентериерот

Сивата - одлична боја за спална соб

Есенски палети во домот

Црна во комбинација со другите бои

Лимета боја во ентериерот

Боја на лаванда



Сите нијанси на жолта во вашиот дом



Жолтата боја е една од ретките бои која е прикладна за секоја просторија. Светлиот пријателски тон секогаш е добредојден. Ако во жолтата има повеќе црвена, нијансата делува потопло, а доколку бојата е попастелна, ефектот е постуден.




Жолтата е боја на среќата и се поврзува со исчекување, надеж, комуникација, привлекување на внимание, активност и енергија. За жолтата велат дека е боја која ја ужива почитта од интелектуалците, а една од причините е фактот дека го стимулира помнењето. Оваа боја асоцира и на просветлување, како ментално, така и духовно.

Жолтата помешана со бела боја се употребува за боење на ѕидовите доколку просторијата е мрачна или со малку дневна светлина. Оваа понежна нијанса на жолатата ќе ја направи просторијата посветла.

Жолтата боја е препорачлива во просторија за учење или во просторија во која се работи, бидејќи помага при задржување на вниманието.

Жолтите ѕидови во бањата ќе ја направат оваа интимна просторија потопла, па така по излегувањето од запарената када, чувството на студ ќе биде пократко отколку во бања со неутрални нијанси.