Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Овлажувач на воздухот за поздрав дом



Домот треба да претставува место каде се одмораме од брзата секојдневица, па од таа причина исклучително е важно да се созададе пријатна атмосфера, за што основен предуслов е чист и уреден животен простор. Со помош на етеричните масла и природните медиуми (јаболковиот оцет, морската сол, алкохолот…) може да креираме природни препарати за чистење кои ќе го прочистуваат воздухот, ја острануваат нечистотијата и бактериите, и создаваат пријатна атмосфера. Еве неколку совети со кои може да го збогатите чистењето на својот дом и да го направите поинтересно:




1. Мирисни капки во кујната

Во одводот на садоперот може да капнете 2-3 капки етерично масло еукалиптус глобулис и исто толку капки етерично масло од лимон (Citrus limon) за да ги спречите непријатните мириси и таложење на бактериите.


2. Ослободете се од бактериите на природен начин


На сунѓерот за миење садови капнете 1 капка етерично масло од чаевец (Melaleuca alternifolia), оставете го преку ноќта и наутро исперете ја со детергент за миење садови. Исто така може да го наполните мијалникот со вода, а во водата да додадете 2 лажици од јаболков оцет и 10 капки етерично масло од чаевец. Потопете ги во вода сите предмети што сакате да ги дезинфицирате – сунѓерите за перење, дрвените даски за сецкање – сето ова оставете го во растворот преку ноќта, а наутро исперете го со обична вода. Чаевецот е извонредно антибактериско етерично масло и притоа тој е безбеден за употреба.


3. Арома спреј за кујна

Во шише со пумпичка од 100 ml ставете две супени лажици јаболков оцет, 10 капки етерично масло од чаевец и 10 капки етерично масло од лимон. Простресете ја содржината, потоа налејте дестилирана вода до врвот на шишенцето. Спрејот употребувајте го како дополнително средство за чистење на работните површини во кујната на тој начин што плочата ќе ја попрскате и ќе ја избришете со влажна крпа.


4. Направете го свечениот амбиент уште посвечен!

Ако подготвувате свечена вечера. Мирисната светилка секако ќе го збогати и надополни амбиентот – во тие случаи може да ги употребите етеричните масла кои потикнуваат апетит:

Во мирисната светилка накапете:

5 капки на етерично масло од горчлив портокал (Citrus aurantium)
1 капка етерично масло од клинче – каранфилче (Eugenia caryophyllata)
1 капка циметова кора (Cinnamomum verum)
1 капка ѓумбир (Zingiber officinale)
2 капки мандарина (Citrus Reticulata)


5.Оплеменете ги теписите:

Во 100 gr сода бикарбона додадете 10 капки лимон (Citrus limon), 10 капки грејпфрут (Citrus x paradisi), 10 капки лаванда (lavandula vera), 10 капки еукалиптус глобулус и 5 капки лута метвица (Menthax piperita). Помешајте ги состојките и добро затворете ги во пластична вреќичка. Оставете ја ден-два додека состојките да се поврзат. После ова, посипете го мирисниот прав по своите теписи и по еден час исчистете со правосмукалка. Свежиот мирис со денови ќе испарува од теписите.


6. Спреј за слатки сништа!

Тука ќе употребиме етерични масла со длабоко смирувачко дејство. Во шишенце со пумпичка од 100 ml ставете 5 ml (приближно пола супен лажица) алкохол.

Во алкохолот додадете:

20 капки атласки цедар (Cedrus atlantica),
30 капки мандарина (Citrus reticulata) или портокал (Citrus sinensis),
30 капки бергамот (Citrus bergamia)и
20 капки лаванда (Lavandula vera)

Добро протресете ги и потоа наполнете го шишенцето со дестилирана вода. Распрснете ја содржината во воздухот во спалната соба и по чистата постелнина.

Доколку сакате во спалната соба роматичен амбиент за двајца, ќе ви послужи следната рецептура:

10 капки иланг
5 капки јасмин
10 капки сандаловина
25 капки мандарина (Citrus reticulata)


7. Освежете ја бањата!

Бањата треба секогаш да биде беспрекорно чиста и свежа. Затоа по завршувањето на вашето вообичаено чистење, за потполн впечаток на чистота, може да употребите етеричните масла.

Во одводот на мијалникот може да додадете:

1 капка еукалиптус глобулус,
1 капка чаевец,
1 капка лимон и
1 капка лута метвица