За да брзо направите антибактериска паста за дезинфекција на елементите во бањата како WC шолјата, кадата, мијалникот итн., потребни ви се следните состојки:
• 2 лажици сода бикарбона;
• 1 лажица детергент за садови;
• етерично маслo од еукалиптус, лаванда, лимонска трева, нане или ловор.
Етеричните масла и сода бикарбоната имаат дезинфекциско дејство, а сода бикарбоната ја отстранува нечистотијата и каменецот.
Постапката е следната:
Во пластичен сад накапете по 5 капки од етеричните масла. Додадете сода бикарбона и многу малку вода, па измешајте за да се добие средно густа паста. По потреба може да додавате сода бикарбона или пак вода.
Доколку сакате да ја дезинфицирате WC шолјата, ставете од пастатата во внатрешноста на шолјата и на четката, и со четката исчеткајте ја внатрешноста. Почекајте 10 минути, а потоа пуштете вода и додека тече поминете ја уште еднаш внатрешноста со четката. Така ќе биде дезинфицирана шолјата и четката.