
Одржувањето на хигиената во домот, без разлика дали станува збор за генерално чистење или чистење на одредена просторија, бара одвојување на време, кое со правилно планирање може да се скрати. Еве неколку совети за побрзо чистење:
За да заштедите време, а и енергија, земете сè што ви е потребно за чистење на просторијата со себе. Доколку чистите со влажна крпа, земете повеќе крпи со вас, за да не мора да одите до бањата постојано за плакнење.
Средствата за чистење носете ги во кофа со себе, или ставете ги во џеб, за да ви бидат при рака.
При чистењето, на појасот закачете една кеса во која ќе ги фрлате непотребните работи, со што ќе нема да треба да одите до ѓубрето и да се враќате повеќепати.
Доколку за чистење на лустерите и горните делови на плакарите користите прашко, набавете телескопски модел, за да не мора да ги користите и да ги поместувате скалите.
Пред да започнете со чистење, за најдобри резултати прочитајте го упатството на средствата за чистење. Често случај е средството да се нанесе и веднаш да се избрише, со што не се постигнува целосниот ефект при чистењето. Додека чекате да делува средството, испланирајте чистење на други површини во истата просторија. Доколку не сакате да употребувате хемиски средства, на располагање се и природните, како сокот од лимон или оцетот. Сепак, треба да се знае дека подолго време е потребно за да делуваат и повеќе труд треба да се вложи во триење.
Купувајте универзални производи, кои може да чистат повеќе работи одеднаш.
Не купувајте десетици средства за чистење кои непотребно ќе ви зафаќаат место.