За да спречите собирање на прашината на стаклени површини, во литар топла вода ставете една лажица омекнувач за алишта и добро промешајте.
Таквата смеса треба да се нанесе со распрскувач на стаклото и со крпа да се пребрише целата површина.
Со оваа постапка стаклото ќе се исчисти, но и ќе се спречи собирање на прашина и влакненца на стаклото.
Со оваа постапка може да спречите собирање на прашина на повеќе места во домот, како на пример, маси со стаклена површина, монитори и телевизори, како и кај венецијанер ролетни.