Еко-кожата (вештачка кожа; скај), како и останатите материјали, бара периодично чистење.
Во повеќето случаи доволно ќе биде крпа и млака вода. Најдобро кога крпата е 100% памучна и кога водата е дестилирана, иако и обичната вода ќе даде задоволителни резултати. Навлажнете ја крпата со млака вода и полека пребришете ја еко-кожата. За оваа намена може да послужат и влажни марамчиња, а најпогодни се оние кои се наменети за детската кожа.
Доколку се појавила некоја дамка, земете течен сапун или средство за миење садови, малку млака вода и сунѓер. Втријте го сапунот во намокрениот сунѓер, намокрете ја еко-кожата и полека со сунѓерот поминувајте преку еко-кожата со кружни движења. Доколку станува збор за некоја наслага (на пример, трага од некоја храна) може да се употреби и некоја помека четка.
Сушењето на еко-кожата треба да биде на природна собна температура.
При чистењето треба да се избегнуваат хемиски средства бидејќи повеќето од нив содржат амонијак, кој има штетно влијание на еко-кожата.