
Mедицинскиот алкохол, кој е со јачина 70%, покрај вообичаената употреба за дезинфекција, може да најде неколку примени во домот.
Одледување на скалите
Доколку сакате брзо да ги одледите скалите или патеката во вашиот двор, помешајте 1 лажичка детергент за садови, 1 лажичка алкохол и нешто помалку од 2 литра врела или топла вода. Истурете ја по скалите, скалите ќе се одледат и повторно нема да се заледат.
Одледување на прозорците
Доколку со алкохол ги премачкате и прозорците, лесно ќе ги одледите. Алкохолот може да го помешате и со вода (3 дела алкохол и еден дел вода) или оцет во истиот однос. Доколу ги пребришете прозорците со оваа мешавина, ќе спречите формирање на нов лед на прозорците.
Чистење на тастатурата
За да ја исчистите тастатурата на компјутерот, која може да има голем број бактерии, со алкохолот и чепчиња за уши таа може успешно да се исчисти и дезинфицира.
Чистење на шпоретот
Доколку ставите малку повеќе алкохол на шпоретот и веднаш го избришете со крпа или хартиено марамче, може да го исчистите шпоретот. Оваа постапка може да се повтори повеќе пати ако е потребно. Треба веднаш да се избрише бидејќи алкохолот брзо испарува.
Чистење на огледалото
За да ги отстраните сите наслаги на разни препарати, како на пример лак за коса, испрскајте алкохол на огледалото и веднаш пребришете.