Кога во фрижидерот има непријатни мириси, тие може да се задржат прилично долго, дури и после деталното чистење. Еве едноставен начин за да непријатните мириси во потполност исчезнат.
За ова потребни ни се: хартија од весници и распрскувач за вода.
Чекор 1
Хартијата од весниците треба да се згужва во топки;
Чекор 2
Овие топки треба да се распоредат во фрижидерот или во замрзнувачот на што е можно поголем простор;
Чекор 3
Со распрскувачот за вода треба да се намократ топките во потполност;
Чекор 4
Оставете го фрижидерот да работи нормално во наредните пет дена. За ова време комбинацијата на водените испарувања и хартијата ќе ги впие непријатните мириси. Важно е да се напомене дека замрзнувачот треба да се постави на најслаба јачина за да не се создадат грутки од мраз на хартијата, со што ќе се спречи постигнување на саканиот ефект.