
Појавата на влага во домот е нормална појава и се зголемува при готвење, перење, капење во бањата, па и при дишење. Сепак , доколку зголемувањето на влагата е прекумерно, таа има негативно влијание. Toa најчесто се случува во зимските месеци, кога домот не се проветрува правилно.
Прекумерната влага го попречува природниот механизам на регулација на температурата на човековото тело. Таа исто така е добредојдена за различни микроорганизми кои предизвикуваат алергии и респираторни проблеми, како што е асмата. Поради сето ова, и здравите луѓе може да дишат со потешкотија, да имаат слабост и лоша концентрација во услови на прекумерна влага.
Зголемената влажност е предуслов за појава на мувла, особено во подрумот, на таванот и аглите на просторијата.
Инсектите преферираат топла и влажна околина, со температура околу 25 степени и влажност од 70 до 80 проценти. Доколку влажноста е под 40 до 50 проценти, тие не може да опстојуваат.
Прекумерната влага е лоша за електронските уреди, поради опасност за кондензација и корозија на компонентите, а при екстремни случаи и можност за краток спој. Совет е кога се внесува уредот од студена околина во топла просторија, да се почека малку, па потоа да се вклучи уредот.
Прекумерната влага може да делува негативно на дрвените површини, како дрвените подови и мебелот, при што таа може да предизвика деформирање. Таа може да предизвика и појава на габа која го напаѓа дрвото и доведува до негово распаѓање.