Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Одржување на мебел од масивно дрво


Дрвото како материјал го поседува шармот што го носи традицијата, а правилната нега и одржување ќе овозможи да го задржи уште многу години. Еве неколку совети како да се постигне ова:


Заштита од сонце

Директната сончева светлина не е добра за мебелот од масивно дрво, како и за повеќето други типови мебел, поради дејството на УВ зраците кои прават брза и видлива штета на површините кои се изложени на зраците.


Заштита од температура и вода

Квалитетни прекривки и подметнувачи за чаши треба да се употребуваат поради тоа што чашите и садовите кои се врели или студени, директно изложени на дрвото ја менуваат неговата боја.

Исто така, секоја влага кој останува ја разјадува површината. Дрвото се шири апсорбирајќи ја влагата, па после подолго време тоа може да предизвика пукнатини.


Чистење на мебелот

Најчесто е доволно да се прејде со влажна, па со сува крпа.

Избегнувајте ги сапуниците бидејќи тие со тек на времето го одземаат сјајот на дрвото.

Доколку користите средство за чистење, нека не биде прејако и нега не содржи
азот – тоа ќе биде доволно за да не му се нанесе на мебелот непоправлива штета.


Отстранување на дамки

Важно е мебелот добро да се исчисти, а потоа да се пребрише со влажна, па со сува крпа.

Доколку станува збор за мрсни дамки, тие треба веднаш да се третираат бидејќи во спротивно ќе потемнат и ќе остават трајно оштетување. Мрснотијата треба прво да се впие со хартиено марамче, а потоа со тапкање да се натопи местото со чист оцет. Потоа местото се брише со влажна крпа, па со сува.

Дамките или трагите од вода кои настанале од чашите или вазните се премачкуваат со мајонез, кој може да го оставите подолго време да делува (на пр. преку ноќта), а потоа избришете го со мека крпа. Ако и после ова постои трагата, помешајте глицерин со пепел од цигари и истријте го оштетениот дел.

Дамките од восок ќе ги отстраните со помош на фен за коса кој ќе го омекне восокот, а потоа полесно ќе може да се отстрани.

За чистење на стврднат слој на прашина идеално средство е јаболковиот оцет.


Корекција на вдлабнатини и гребаници

Кај помали вдлабувања на мебелот од масивно дрво, предизвикани со механички оштетувања, потребно е да се стави влажна крпа неколку часови на оштетеното место – влакната на дрвото од влагата ќе се надуваат и ќе го пополнат вдлабувањето.

Помалите гребаници, доколку станува збор за светол мебел, премачкајте ги со вазелин или со смеса од една лажица оцет и една лажица масло. Доколку станува збор за потемен мебел, истите може да ги отстраните со смеса на црно вино и масло.


Полирање на дрвен мебел

За поедноставна постапка, побарајте специјални средства за полирање на дрвен мебел. Доволно е да се премачка еднаш месечно мебелот и тоа со памучна крпа, а потоа со сува да се изгланца.

Доколку сте поклоник на природни средства, најдобро средство е пчелиниот восок – тој треба да се загрее и да се втрие во мебелот со ленена крпа. Што подолго се гланца, сјајот ќе биде поголем. Оваа постапка доволно е да се изведе два пати годишно.

Исто така, исклучителен сјај се постигнува и со полирање со ленено масло.

Овие постапки не се однесуваат на мебел обоен со обични бои.


Совети за полирање:

• Никогаш не полирајте прашлив мебел – така нечистотијата уште повеќе ќе продре во структурата на мебелот и уште потешко ќе биде отстранета.

• Одвишните наслаги на восок отстранете ги со крпа натопена во топла вода со малку оцет, а после тоа пребришете со сува крпа.

• Пластифицираниот мебел, со т.н. висок сјај кој се постигнува со лакови на база на полиуретани (кои се исклучително отпорни на вода и хемикалии), без страв може да го одржувате со некое од средствата за полирање наменети за сите видови на површини.