
Прекрасниот сјај на сребрените предмети со текот на времето избледува. Било да се во прашање декоративни предмети или украсни садови, постојат неколку начини да им се врати сјајот.
За нивно чистење се употребуваат посебни средства, но исто така може да се користат и средства кои ги имате при рака во домаќинството.
Садовите од сребро може да се исчистат на следниот начин: потопете ги во 4 литра вода во која ќе додадете 5 лажици оцет и 3 лажици сода бикарбона. Потоа истријте ги со сунѓер, темелно исперете ги и веднаш осушете ги.
Уште еден ефикасен начин за чистење на среброто е со навлажнето парче вата на кое се става малку сода бикарбона. Истријте го предметот од сребро, а потоа исперете го во ладна вода.
Потемнетите сребрени предмети може да се исчистат и со лимон. Земете мека крпа и потопете ја во лимонов сок, а потоа цврсто тријте го сребрениот предмет, за да на крај го исполирате со сува, мека крпа или парче вата.
Чистење може да извршите и ако ги оставите сребрените предмети да преноќат во сад со оцет или сода бикарбона, а потоа да ги исперете со млака вода.