Кога ќе се замасти рерната на шпоретот, можно е таа да се исчисти со природни средства кои не се агресивни.
Нajедноставниот начин е со водeна пареа - ставете сад со вода и вклучете ја рерната на 200 Целзиусови степени. Пареата ја чисти мрснотијата, а потоа треба да се пребрише со крпа. Помалите нечистотии може да се отстранат ако се испрска рерната со вода, а потоа да се вклучи на неколку минути.
Комбинацијата на лимон и сол може исто така да се употреби за чистење и дезинфекција на рерната. Лимонот треба да се исече на тркалца и со сол треба да се стават во рерната во сад со вода. Рерната се вклучува и се чека додека водата да испари.
За потврдокорни маснотии може да се употреби сода бикарбона. Помешајте ја со вода и оставете ја неколку часа. Потоа испрскајте со бел алкохолен оцет и почекајте за да делува уште некое време. на крај пребришете со мокра крпа.
За тешка извалканост на стаклото, ставете сода бикарбона и лимон. Оставете да делува десетина минути, а потоа направете топка од алуминиумска фолија и истријте го стаклото. Алуминиумската фолијата добро ги трие стаклените површини, без притоа да остави гребнатини.
Како крај на било кое чистење на рерната, оставете ја отворена некое време за да испарат евентуалните мириси.