Мушичките во домот знаат да бидат многу досадни. Тие може да се собираат на презреано или расипано овошје, вино, саксии ...
Но, постои начин како да се ослободиме од нив. Најпрво треба да ги елиминираме изворите околу кои се собираат, а потоа треба мушичките да ги фатиме.
Винските и овошните мушички може да ги фатиме доколку во чаша или шише ставиме вино или парчиња овошје (јаболко, банана и сл.).
На отворот од садот, кој ќе ни послужи како стапица, направете инка од хартија која ќе има тенок отвор. Мушичките ќе влегуваат внатре, но нема да можат да излезат.