При одржувањето на чистота во кујната, треба да се земат предвид неколку важни работи, кои ќе овозможат да не се случи развој на бактериите кој ќе биде штетен за здравјето на домашните.
Храна – не треба да се остава преку ноќ надвор од фрижидерот, а ова важи и за остатоците од оброците. Оставена на собна температура, храната станува идеална почва за размножување на бактериите. Затоа, остатоците од храна фрлете ги во канта за отпадоци или во тоалет, а чиниите со храна пожелно е веднаш да се измијат.
Сунѓерче за миење садови – просечно вакво сунѓерче според истражувањата е предмет со најмногу микроорганизми во домот, дури повеќе и од WC шолјата. Сунѓерчето најчесто е мокро и топло, па претставува идеално место за бактериите.
Затоа, после употребата треба добро да се испере и да се остави на суво место, а не во мијалникот. Перењето на сунѓерчето со детергент и топла вода ги уништува повеќето бактерии, но само доколку тоа се прави темелно и редовно. Сунѓерчињата може да се исперат и во машина за миење садови, а потоа да се исушат во микробранова печка на 30 секунди.
Сунѓерчињата не се скапи, па пожелно е еднаш месечно да се заменуваат со нови.
Работни површини во кујната – на нив се подготвува храна, па затоа потребно е редовно да се чистат, по нивната употреба. Во спротивно, можно е да станат погодно место за развој на бактерии, меѓу кои е и озлогласената ешерихиа коли.