Микрофиберот е синтетички материјал за тапацирање на мебел со тенки влакна, со линеарна густина под 1 дени (den e eдиница мерка за линеарна густина на влакна). Тој е прилично отпорен на дамки и ја одбива водата. Најчесто при валкање е доволно да се употреби мека таенина и топла вода.
Доколку се појави дамка, еве начин како ефикасно да ја исчистите:
Извалканото место испрскајте го со спреј со медицински алкохол. Потоа тријте со сунѓер кој треба да биде бел за да при чистењето не испушти боја.
Оставете софата да се исуши, а потоа лесно исчеткајте со мека четка која ќе го омекне исчистеното подрачје и ќе ги врати влакната на свое место.
M