
Ослободете се од траговите од вода на дрвенаријата:
1. Нанесете кафена лажичка мајонез на хартиена салвета;
2. Поставете ја хартиената салвета на дамката од вода;
3. Оставете го мајонезот на дамката околу 15 минути;
4. Подигнете ја хартиената салвета и проверете ја дамката. Доколку траговите и понатаму се присутни, втријте уште мајонез и почекајте 15 минути;
5. Дамката веќе би требало да ја нема, но доколку е потребно повторете го процесот;
6. Доколку се потребни поголеми зафати на мебелот, консултирате лице кое е експерт за антикварен мебел.
Напомена:
- Колку побргу ја забележите и третирате дамката, резултатите ќе бидат поквалитетни;
- Доколку вашиот дрвен мебел има специфичен лак или завршен премаз, следете ги упатствата на производителот на мебелот.