
За да обезбедите услови за замрзнувачот да работи ефикасно, редовно обрнувајте внимание на количеството на насобран лед. Доколку забележите дека има дебелина од околу еден сантиметар, треба да се отстрани насобраниот лед со постапка на одледување.
За да вашите намирници останат подолго време замрзнати кога ќе бидат надвор, пред да го почнете со постапката, вклучете го фрижидерот на опцијата за брзо замрзнување.
Постапката на одледување трае околу 20 минути.
• Исклучете го замрзнувачот. Извадете ја заледената храна, замотате ја во хартија и ставете ја во постуден простор.
• Издадете ги полиците и исперете ги со мешавина на вода и течен сапун, па оставете ги да се осушат. Со истата мешавина исчистете ја и внатрешноста на фрижидерот.
• За брзинско одледување на замрзнувачот кој не е претрупан со лед, треба најпрво да се ослободите од ињето. Добро натопете ја крпата во алкохол и со неа прекријте го ледот. Потоа нежно отстранете го ледот со пластично или дрвено стругало. За да го забрзате процесот на одледување, ставете во замрзнувачот плиток сад со топла вода и оставете ја вратата на замрзнувачот отворена.
Не го забрзувајте процесот на одледување со фенови за коса или други видови греалки – нивната топлина може да ги оштети разладните елементи.
Ако е потребно за отстранување на ледот или ињето нежно употребете пластично стругало.
• Во шишето со распрскувач ставете шолја вода, лажица оцет и лажица течен детергент, па измешајте го растворот. Попрскајте со мешавината по внатрешноста на замрзнувачот. Добро исчистете ги ѕидовите со сунѓер или хартиени марамчиња. За чистење на замрзнувачот не се препорачуваат агресивни средства бидејќи може да ја оштетат површината.
• Откога ќе се исчисти и исуши внатрешноста на фрижидерот и полиците, вратете ги намирниците во замрзнувачот и вклучете го.