Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Чистење и одржување на душек


Познато е колку е важен добриот сон за нашето здравје, а кога зборуваме за спиење нема ништо поважно од добар душек. Без разлика за кој душек станува збор, треба да се знае како да се чува и користи за да трае подолго. Следат неколку совети како најдобро да се одржува и чисти, со цел да им се застане на патот на грините и останатите алергени.


На секои 3-6 месеци свртете го душекот

За да душекот рамномерно се троши, редовно свртувајте го (и горната и долната страна, како и заглавјето и подножјето), така што горната страна ќе биде долна, и подножјето ќе биде заглавје. Тоа лесно може да го направат двајца.


Заштитете го душекот

За да го продолжите времето помеѓу две чистења и на себе да си ја олесните работата, а притоа да се одржи потребната хигиена и да се продолжи животниот век на душекот, размислете за набавка на навлака за душекот. Таа ќе го штити душекот од таложење на прашина која ќе се собира со тек на времето. Така душекот ќе остане чист и хигиенски исправен. Постојат и навлаки кои гарантираат ефикасност во заштитата од било кој тип на алергија. Влакната се импрегнирани со материјал кој спречува ширење на прашина, грини, бактерии и развој на габи.


Чистете го душекот со правосмукалка

За да ја целосно се ослободите или да го намалите присуството на грини, редовно детално чистете го душекот со правосмукалка (целиот душек). Правете го тоа на неколку седмици, или секој втор пат кога менувате постелнина (а постелнината менувајте ја секоја седмица или најмногу на секој втора). Ако некој од домашните има алергија на прашина или на грини, чистете го душекот почесто. За да го освежите и да се ослободите од можните лоши мириси (на пример, чад од цигари), душекот посипете го со сода бикарбона, оставете го така 30-тина минути, а потоа детално исчистете го со правосмукалка.


Чистење на дамки

Пред да го објасниме чистењето на поединечни видови на дамки, треба да се напоменат неколку основни работи – ако душекот се извалка, водата и детергентот користете ги исклучително штедливо. Душекот никако не смее да се натопи бидејќи така останува влажен однатре и може да се појави мувла. Ако морате, чистете го само со пена или со малку вода и благ сапун (или детергент за таа намена). И погрижете се да биде потполно сув пред да ја ставите постелнината – исперете го , па оставете го да се исуши на сонце или пак употребете фен.


Дамки од крв

Пред да направите било што, прво истријте ја дамката со крпче натопено во студена вода. Дамката може да ја истриете и со сода бикарбона измешана со вода. Ако ова не помогне, тогаш натапкајте ја со малку хидроген пероксид – и додека да се појават меурчиња – избришете ја дамката со сува крпа која добро впива.


Дамки од урина

Со крпи впивајте колку може да се впие од течноста. Дамката најдобро е да се истрие со разблажен оцет, а потоа со пена (од вода и благ детергент), но внимавајте да не го натопите премногу душекот. Откога ќе се исуши душекот, посипувајте го местото каде што била дамката со сода бикарбона, оставете ја неколку часови и потоа темелно исчистете со правосмукалка.


Дамки од сокови

Иако овие дамки најчесто не може целосно да се отстранат, може да ја намалите штетата со помош на разблажен оцет или алкохол (70-90 процентен) така што ќе навлажните крпче со оцет или алкохол и ќе ја истриете дамката.


Ако душекот се потопи со течност

Ако на душекот се излие поголемо количество на течност, прво обидете се што е можно повеќе да впиете со пешкири и крпи кои добро впиваат. За впивање на течноста може да помогне и песок за мачки. На крај, оставете го душекот да се исуши на сонце - ден или два, по потреба.