Иноксот е материјал кој се повеќе се сретнува во денешните кујни.
Најчесто се применува за изработка на мијалниците или за садовите за готвење, но се употребува и како облога на работните површини или на белата техника.
Колку и да благодарен за одржување, сепак може да останат дамки по чистењето. За да ги исчистите на природен начин површините од инокс потребно е само сода бикарбона и обична сол.
На влажна површина ставете по малку од двата производи, па со сунѓерчето тријте неколку минути. На крајот исплакнете со млака вода и иноксот ќе свети како нов.