Еве неколку примери како може да го употребите талогот од кафето.
Преостанатиот талог од испиеното кафе оставете го 24 часа во садовите кои имаат непријатен мирис и тој ќе исчезне.
На истиот начин може да се отстрани и непријатниот мирис од фрижидерот. Во шољичка ставете талог и оставете го во фрижидерот.
Со талогот од кафе може да ги отстраните паразитите од домашните растенија.
Стаклените предмети кои ја изгубиле сјајноста и станале матни и замрсени одлично ќе се исперат со талог од кафе, поради абразивните својства на кафето. За нивно чистење користете го во комбинација со детергент.