Кога ќе ги оставиме вратите и прозорците од домот отворени, мувите честопати се неповикани гости кои знаат да бидат многу досадни.
Еве еден начин како да ги одвратите од намерата да влезат внатре:
Закачете или поставете проѕирна кеса наполнета со вода кај отворената врата или прозорец. Поради прекршувањето на светлина во кесата со вода, тие добиваат слика која е збунувачка за нив и која им навестува потенцијална опасност. Поради ова мувите се одвратуваат од намерата да влезат.
Оваа метода за заштита од мувите се користи и во многу ресторани, продавници и во други простории каде се јавува овој проблем.