Чистење и одржување:

Чистење на дамките во домот

Етерични масла и чистење на животниот простор

Овлажувач на воздухот за поздрав дом

Јонизирање на воздухот

Ослободете се од алергијата во домот

Чистење и одржување на мебел од природна кожа

Чистење на подни облоги

Одржување и чистење на персиски тепих

Како против таложење на прашина?

Постапување со старинскиот мебел

Ослободете се од молците во плакарот

Десет чекори до плакар со пријатен мирис

Совети за чиста бања

Сјајни и проточни славини

Природни средства за чистење

Совети за чистење на уреди за готвење

Мали совети за чистење

Траги од вода на дрвен мебел

Отстранување на непријатни мириси во фрижидерот

Отстранување на боја од дрвенаријa

Олеснете го миењето на прозорците

Места во домот на кои се таложат бактериите

Вратете го сјајот на сребрените предмети

Проблем на мирис на мувла кај машина за перење алишта

Чистење на технички уреди

Отстранување на мувла со средство за белење

Чистење на тастатура

Одржување на мебел од масивно дрво

Чистење на клима-уред

Одржување на мебел од бамбус, трска и ратан

Оцет – универзално средство за чистење

9 корисни совети

Oслободете се од кујнски молци

Чистење и одржување на душек

Третирање на масни дамки на ѕидот

5 мали совети за чистење

Природни средства за одзатнување на одводите

Справување со влагата во домот

Природно парфимирање на домот

Совети за побрзо чистење

Чистење на еко-кожа

Совети за чистење после бојадисувањето

Со чиста кујна против бактериите

Чистење и одржување на предмети од бакар

Одржување и чистење на медијапан

Чистење на глава на туш

Млекото како средство во домаќинството

Оризот како средство во домаќинството

Мали тајни за отстранување на лоши мириси

Кеса со вода за терање на мувите

Ацетонот како средство за чистење на дамки

Ослободете се од мушичките

Употреба на медицинскиот алкохол во домот

Чистење на дамки од лепак

Употреба на кората од портокал во домот

Како да го искористите талогот од кафе

Исчистете го тепихот од урината од мачка

Извори на мувла во кујната

Со лимонтус до зголемен век на машината за перење

Одледување на замрзнувачот

Чистење на каменец од машината за миење садови

Природно средство за чистење на инокс

Чистење на метален филтер кај аспиратор

Совет за чистење на садоперот од бигор и нечистотии

Чистење на прашина од уметнички слики

Отстранување на налепници

Одлепување на тапети

Како против мирисот од лак и боја?

Проветрување на домот

Со омекнувач против прашината

Подигнат паркет

Што не треба да се мие во машина за садови?

Одзатнување на мијалник со сода бикарбона и оцет

Чистење свеќник од восок

Отстранување на дамки од топлина

Природен начин на перење на тепих

Совети за чистење на ѕидот

Направете средство за дезинфекција на бањата

Влијание на етеричните масла

Репарирање на дрвен мебел со орев

Како да заблеска дрвото

Чистење на восок од дрвена површина

Чистење на рерната без хемикалии

Негативни ефекти од влагата во домот

Босилек против комарци

Чистење на дамки на софа од микрофибер

Што да се прави при поплава во домот?



Чистење на подни облоги



Линолеум
  • Најлесно се чисти со млака вода, во која се раствора малку сапун за перење алишта. После пребришувањето со растворот на сапун, линолеумот исперете го со чиста, млака вода и премачкајте го со сјај за подови;

  • За да ги исчистите масните дамки од линолеумот, во малку студена вода ставете жолчка од јајце и со таа смеса истријте ги дамките. Потоа линолеумот исперете го како и обично.

Керамички плочки
  • За чистење на подот со керамички плочки користете раствор на еднакви делови на млака вода и оцет;

  • Перете ги со вода на која сте додале алкохол, а потоа избришете ги со сува крпа, со што ќе се добие изненадувачки ефект;

  • Масните дамки од керамичките плочки исперете ги со раствор од детергент, млака вода и додаток на амонијак;

  • Дамките од чај од керамичките плочки отстранете ги со сол. Посипете ги плочките со сол, пребришете, исперете ги со чиста вода и исушете ги со пребришување со мека крпа.

Паркет
  • Дамките од мастило на паркетот ќе исчезнат доколку ги истриете со крпа натопена во смеса од глицерин и млеко. Тие делови од паркетот исперете ги со вода;

  • Дамките од лепило од лакиран паркет ги симнуваме со вата натопена во ацетон за симнување на лак од нокти, внимавајќи притоа да не го оштетиме лакот на паркетот;

  • Дамките од лепило на нелакираниот паркет се чистат со чист бензин, кој може да се нанесува со стара четка за заби. На крајот паркетот треба да се испере со вода.

Дрвен под
  • Масните дамки од дрвениот може да ги исчистите така што секоја дамка ќе ја премачкате со густа мешавина на оцет и брашно и ќе оставите да делува 1 минута;

  • Многу валканиот дрвен под ќе го исчистите со стругање со сунѓер од жица. Гребнатините на дрвениот под истружете ги со хартија за брусење, а потоа премачкајте ги со безбоен лак.

Ламинат
  • Ламинатите чистете ги со наменски средства за ламинати кои се разредуваат во вода. Притоа, чистењето нека биде со добро исцедена крпа. После чистењето на подот со мокра крпа, потребно е подот да се пребрише уште еднаш со сува крпа;

  • Важно е ламинатот да се одржува чист бидејќи прашината, песокот и нечистотијата со тек на време може да ја оштетат декоративната површината. Поради тоа, добро е во подрачја кои често се валкаат да се стават простирки, за да се избегне создавање на тврдокорни нечистотии.