Доколку восокот капне на масата, подот, мебелот или друга дрвена површина, постои начин како да го отстраните, без да се оштети подлогата.
Еден начин е со користење на коцка мраз, која се става на восокот за да потполно се стврдне. Потоа нежно, со пластичен мазен предмет (на пример, кредитна картичка, пластичен линијар и сл.) истругајте го восокот.
Доколку има останато восок, земете чиста мека крпа на која сте капнале средство за одржување на база на восок и полека пребришувајте преку остатокот се додека не се отстрани целосно.
Втор начин е со користење на фен за коса. Подесете го фенот на средна јачина и насочете го кон местото каде што е восокот. Кога ќе почне да се топи восокот, соберете го со мека крпа, а исчистеното место пребришете го мека крпа на која има разблажен оцет, а на крај исполирајте го мебелот вообичаено.