
Подрачјето во домот кое е поврзано со угледот, честа и славата е јужниот сектор. Елементот на ова подрачје е огинот, а боја е црвената. Овој сектор најлесно се активира со симболиката на огинот и многу динамична јанг енергија.
Свеќите самите се наметнуваат како идеално решение, особено црвените, жолтите и портокаловите. Исто така, ламбите и силното светло го симболизираат огинот и создаваат позитивна енергија во домот. Според фенг шуи, каминот или било какво грејно тело преку зима одлично делуваат за зголемување на енергијата на јужниот сектор.
Комбинацијата на црвена и зелена во овој сектор е исклучително поволна. Таа се активира со црвената боја на огинот, а се засилува со зелената боја на дрвото.
Сончогледот е цветот на славата и успехот, не само поради својата убавина, туку и поради неговата боја и облик на латиците кои потсетуваат на пламен.
Во јужниот сектор од домот поставете сè што потсетува на слава, популарност и успех, во зависност од тоа што го сметате за симбол на овие вредности. Тоа може да биде некоја диплома, некој спортски автомобил, слика од дворец и сл.