Каде ќе биде поставен креветот, според фенг шуи, има голема важност за создавање добра енергија во спалната соба.
Креветот треба да биде поставен така да кога се лежи во него може да се гледа влезната врата на спалната соба.
Креветот сепак не треба да биде поставен во линија со вратата или пак прозорец во спалната соба. Доколку мора да биде поставен во иста линија, ставете парче мебел помеѓу нив. Поволна положба е кога креветот е оддалечен од влезната врата или во дијагонална положба од неа.
Заглавјето на креветот треба да биде поставено веднаш до ѕидот, што овозможува создавање на заштита и задржување на добрата енергија. Креветот треба да има добар пристап од двете страни, но исто треба да се знае дека е неповолно ако е поставен на средината на спалната соба.
Присуството на две наткасни (а не само една) од двете страни ќе создаде балансирана, стабилизирачка енергија.
Кон креветот не треба да бидат насочени елементи со остри ивици, кои внесуваат агресивна енергија. Тој треба да биде што е можно пооддалечен од електрични уреди (компјутер, телевизор, фрижидер) кои негативно влијаат на добриот сон.