Во фенг шуи алатката кристален глобус многу одамна се употребува како средство за засилување на енергијата во областа на образованието, како и среќата поврзана со училиштето и творење во литературата.
Според фенг шуи, доколку сте студент, тој носи среќа во полагањето испити, а кај новинарите и писателите носи слава и признание. За бизнисмените значи подобрување на деловното работење надвор од земјата.
Постои верување дека вртењето на глобусот 2-3 пати во насока на стрелките на часовникот ја подобрува деловната способност и влијае позитивно на носењето интелигентни одлуки.
Кристалниот глобус најдобро е да се постави во североисточниот дел на домот, погоден за симболи на елементот земја.
Кристалниот глобус треба да биде чист и сјаен за да се олесни јаснотијата во комуникацијата и чистината на чи енергијата на глобусот. Треба да се избегнува да се става на работ на комодата, полицата или масата бидејќи може да делува во насока на предизвикување негативни мисли и анксиозност.