
Овошјето е симбол на добра среќа и носител на енергијата на уживање. Фенг шуи препорачува да се постави свежо во домот, но може да биде и прикажано на слики или во вид на фигури.
Различно овошје има различно значење и влијание. Најпопуларна употреба во фенг шуи имаа праската, јаболката, калинката, грозјето, ананасот и портокалот.
Јаболкото е симбол на мир, здравје, долговечност и внесува хармонија во домот. Црвените јаболка се сметаат за најдобри, но и зелените и жолтите се поволни.

Калинката поради своите црвени плодови е симбол на плодноста и семејната среќа. Според фенг шуи, се препорачува тукушто венчаните брачни парови да закачат слика со приказ на калинка за да ја привлечат среќата и благословот за многу здрави и добри деца.
Грозјето го симболизира материјалното богатство и изобилие, било да станува збор на веќе стекнато или за она што допрва треба да се оствари.
Ананасот е исклучително популарен симбол на богатство и просперитет.
Популарноста на портокалот во фенг шуи му се припишува на освежителниот мирис и на јанг карактеристиката на бојата.
Портокалот е симбол на злато и големо изобилие. Според фенг шуи, за добра среќа и просперитет се препорачува да се постават девет портокали завиткани во црвена хартија во дневната соба или во кујната. Ова особено се однесува на празниците кога се слави почетокот на новата година. Се верува дека ова ќе привлече пари и богатство во претстојната година.