Од сите четири елементи, единствено воздухот е невидлив. Доколку нема провев или непријатен мирис, за него често не сме ни свесни.
Квалитетот на воздухот во домот влијае силно на целокупната енергија во домот.
Денес воздухот во градовите е загаден, некогаш и до таа мера што тешко се апсорбира кислородот и “праната”.
Прана е животна енергија и затоа во јогата ја истакнуваат важноста од правилното дишење бидејќи тоа ни овозможува внесување на животната енергија која се наоѓа околу нас.
Честопати и воздухот во становите не е квалитетен поради присуство на чад од цигари, испарување на бои, различни лепила. Загадениот воздух е преполно со позитиви јони кои може да доведат до:
• умор и поспаност;
• депресија;
• зевање;
• чести главоболки ...
Што може да се направи за да имаме поквалитетен возух во домот?
• редовно проветрувајте го домот;
• не пушете дома бидејќи чадот од цигарите драстично го уништува Чи на просторот;
• сведете ги на минимум предметите кои емитираат неповолно зрачење;
• чувајте растенија во домот.