Според фенг шуи, доколку одредени симболи ги поставите под креветот, може да делувате на привлекување на среќата. Кој симбол треба да се употреби зависи од видот на среќата што треба да се привлече.
За привлечување на добрите прилики и дополнителна заштита се користи симболот две риби како златна плочка или цртеж. Овој симбол се поставува под душекот, на страната каде што е поставена главата.
Доколку сакате да генерирате среќа од големи патувања, ставете школка под душекот. Овој симбол е соодветен и за оние кои што работата со комуникации. Притоа, било која убава школка е прифатлива, но најпогодна е школката со облик на полжав.
За среќен брак, поставете го симболот двојна среќа под креветот. Според фенг шуи. тој помага и на паровите кои имаат проблеми со раѓање на деца.
За да привлечете добра енергија додека спиете, поставете мистичен јазол врзан со црвена лента под душекот, кој го симболизира постојаниот циклус на добра среќа.