Работењето од дома дава одредени предности, но и предизвици со кои треба да се справиме - потребно е одделување на деловниот од приватниот живот и зголемување на интеракцијата со деловниот свет. Спред фенг шуи, потребно е да се следат неколку насоки кога станува збор за канцеларија во домот.
Канцеларијата во домот треба да биде што е можно подалеку од спалната соба. Идеална ситуација е ако таа има засебен влез. Доколку разделеноста од спалната соба не е можна, треба да се постави поголема преграда за нивно визуелно одвојување.
Успешноста на работењето зависи од состојбата и продуктивноста на умот. Затоа, добро е да се има одредени слики, бои, вредни спомени од деловното работење кои ќе ве натераат да се чувствувате успешни и ценети.
Квалитетот на воздухот и на светлината е од големо значење. На телото му е потребна доволна количина на кислород и природна светлина за да се чувстува пријатно во канцеларијата. Затоа добро е да се има сијалици со цел спектар на светлина, како и неколку растенија кои го прочистуваат воздухот, но и вашата енергија.
Работната маса треба да поставена за да вашата командна позиција биде појака и за да енеријата биде подобра. Не треба да бидете свртени со грбот кон вратата, а масата треба да биде подалеку од вратата и да не биде во линија со неа.
Постојат 3 важни подрачја во канцеларијата во домот што треба да се уредат за се постигне најдобар фенг шуи:
- Јужното подрачје (слава и репутација) ја има енергијата на елементот оган, па затоа тука не треба да се избегнува сината боја, големи огледала, фонтани, или слики со вода, бидејќи водените елементи ја намалуваат енергијата на елементот оган.
- Северно подрачје (кариера и животен пат). Негов елемент е водата, па добредојдени се предмети кои го претставуваат овој елемент, како и елементот метал (бидејќи металот ја создава водата во циклусот на 5-те елементи во фенг шуи). Може во северното подрачје да се постават инсиративни слики поврзани со кариерата со бели или црни рамки.
- Југоисточно подрачје (просперитет и изобилство). Во него владее елементот дрво, а затоа треба да се избегнуваат предмети кои го претставуваат елементот оган, како и премногу предмети на елементот метал. Може да се постават сликите кои говорат за пари и благосостојба.
За крај, во канцеларијата потребно е постојано да се одржува ред бидејќи несреденоста и хаосот ја одземаат енергијата и можноста да се реализираат намерите во целост.