При позиционирањето на парчињата мебел во дневната соба, според фенг шуи, треба да се почитуваат неколку правила.
Најпрво, бројот на парчиња мебел треба да биде сведен на потребното бидејќи пренатрупаноста го попречува чувството на слобода и комфор. Ова ќе овозможи непречен проток на енергијата, односно Чи помеѓу парчињата мебел во дневната соба.
Никогаш не ја ставајте софата во ист правец со вратата од дневната соба. Во спротивно, Чи ќе биде директно насочено кон вас што ќе создава чувство на неудобност.
Софата поставете ја на место од каде ќе имате добар преглед на останатиот дел од просторијата.
Парчињата мебел треба да бидат позиционирани на тој начин што од нив ќе може да се гледа вратата од дневната соба или претсобјето. Затоа, столиците не треба да бидат поставени така што при седење ќе бидеме свртени со грбот кон вратата.
Сепак, доколку ова не е можно, поставете огледало на спротивниот ѕид за да лицето кое седи на оваа столица може да види кој влегува во дневната соба.