
Морската сол е позната по своето позитивно дејство во терапевтските третмани врз здравјето на човекот, но според фенг шуи, таа може да се употреби и за чистење на домот од лоша енергија и за создавање на свеж простор.
Еве неколку начина за енергетско чистење на просторот:
- Со помош на чаша со сол може да ја привлечете негативната енергија која е во воздухот во домот. Со ставање на мала чинија со морска сол под креветот, се спречува стагнацијата на енергијата преку денот во тој простор. Иста сол во овој сад треба да седи најмногу еден ден.
- Поставете сад со сол во аглите на домот кои се наоѓаат на североисток или југозапад. Солта треба да се менува на 2 месеца.
- Морската сол може да се стави и покрај приодите до куќата, за да се спречи влегување на негативна енергија во домот.