Моќта на овој елемент се отсликува во особината на дрвото да е силно, но истовремено и свитливо. Елементот дрво го претставува растот, развојот и планирањето. Тој претставува и симбол на нови почетоци.
Живите растенија се најдобар начин за внесување на овој елемент во домот.
Тука се и правоаголни облици, како и дрвени предмети кои исто така го претставуваат.
За внесување на елементот дрво може да се послужите и со зелените бои, иако овој начин не може во целост да го надополните неговото отсуство.
Негова страна е истокот, каде што се изгрејсонцето и утрото. Поволни страни се и југоистокот и југот. Во контакт со елементот метал неговата сила опаѓа, додека елементот вода делува позитивно на него.
Според фенг шуи, кога елементот дрво е блокиран, носи разни фрустрации и непријатни чувства. Затоа растенијата, како главен претставник на овој елемент, треба да бидат негувани, со цел да имаат здрава животна енергија.