
Според фенг шуи, трпезаријата треба да биде гостопримлива и удобна, да ги насочи луѓето на комуникација и подолго задржување во неа. За да домашните бидат опуштени и среќни, во неа треба да владеат бои кои ги прават релаксирани и среќни, но и кои го поттикнуваат апетитот.
Во трпезаријата треба да има тежнеење кон топлите нијанси. Тие треба да бидат слични како оние што се користат во кујната уредена според фенг шуи. Портокаловата и црвената се познати стимулатори на апетитот. но и конверзацијата. Други бои кои се соодветни во трпезаријата се бојата на медот, бојата на костен, теракота, 'рга, бордо, златна и бронзена.
Доколку се користи портокаловата и црвената, треба внимателно со нив поради живите и силни енергии кои ги носат со себе. Така на пример, може да се користат за акцентирање на еден ѕид, а останатите треба да бидат во неутрални бои.
Кога се уредува трпезаријата која е споена со дневната соба во отворен простор, таа според фенг шуи треба да биде визуелно одвоена, па така треба да се користат бои кои ќе ја одделат од дневната, на пример со шарен тепих или ѕид во боја.
Боите во трпезаријата треба да бидат избалансирани, ниту да бидат премногу наметливи и живи, ниту пак премногу здодевни. Доколку сте љубител на живите бои, користете ги во деталите и помали елементи, како садови, прекривки и сл.