Уште од далечни времиња, дрвото на лимонот во фенг шуи се смета за магнет на богатство, здравје и просперитет. Ја предизвикува љубопитноста и ја засилува љубовта кон знаењето и учењето, па затоа е погодно за семејства со ученици.
Лимоновото дрво на луѓето им дава енергија и ги тера да ја напуштат зоната на комфор и да запознаат нови луѓе, кои пак носат нови можности. При цутењето и појавувањето на плодовите лимоновото дрво е особено моќно, па во тој период го штити домот од негативни влијанија. Според фенг шуи, доколку е во црвена саксија ќе биде вистински магнет за парите, особено ако на дното на саксијата пред садењето сте стават неколку парички.
Треба да внимава да не биде ставено дрвото во премала саксија бидејќи на тој начин неговото дејство ќе биди минимизирано. Тоа треба правилно да биде негувано за да има влијание на благосостојбата во домот.