
Според фенг шуи, цвеќето има влијание на состојбата на целото семејство и на благосостојбата на домашните. Секое цвеќе има посебна моќ, како и место во домот каде што најмногу му годи, но за сите е заедничко дека ја намалуваат психичката напнатост.
Кога станува збор за бенџаминот, фенг шуи налага дека најдобро е да биде сместен во југоисточниот дел од домот, при што ќе им помогне на домашните при носењето на мудри одлуки и при ослободување од агресија. Места кои треба да се избегнуваат за негово поставување се североистокот, југозападот или централниот дел на домот.
Бенџаминот промовира мир и хармонија во семејството, а кај луѓето влева чувство на сигурност и спокој. Во дневната соба ќе создаде одлична клима за разговор и релаксација, а доколку се постави во кујната, штити од глад и немаштина.
Тој привлекува богатство за семејството, а влијае и поволно на работата доколку е сместен во југоисточниот дел на деловната просторија или покрај работната маса.