
Тие се еден од најмоќните симболи на љубов и брачна верност во фенг шуи. Се користат за хармонизирање на постоечките односи, како и за привлекување на љубовната среќа кај самците.
Според фенг шуи, со присуството на мандаринските патки, особено во југозападот или во сопствениот секторот на љубовта, кој може да се одреди според
Куа бројот, може да се разрешат проблемите во бракот, да се врати првобитниот љубовен занес, како и да се привлече љубовен партнер кој е подготвен на брак.

Симболиката на овие птици потекнува од фактот дека мандаринските патки се исклучително моногамни. Кога еднаш полово ќе созреат и кога ќе го одберат партнерот, со него остануваат во заедница целиот живот. Добиваат млади за кои заедно се грижат, взаемно помагајќи си.
Многу ретко може да се види припадник од овој вид осамен бидејќи скоро секогаш се во друштво на партнерот. Кога еден од нив ќе умре, другиот тагува сè до смртта која неретко настапува многу брзо од голема жал и страдање по партнерот.