Употребата на ѕвончиња е многу ефикасен и моќен лек во фенг шуи. Се користат за да се пренасочи енергијата, односно да се промени нејзиниот тек. За да најдат своја примена во фенг шуи, треба да се знае како правилно да се употребуваат.
Ѕвончињата се еден од најдобрите лекови за ублажување на негативната енергија која предизвикува лоша среќа, незгоди и хаос. Најсилно делуваат кога се поставени во градината или на балконот, но и во станот се делотворни бидејќи ја раздвижуваат енергијата. Ѕвончињата може да се разликуваат по обликот, материјалот, големината и бројот на цевчиња. Поради тоа постои и разлика во звукот којшто го произведуваат.
Ѕвончињата од дрво најдобро е да се постават на исток или на југоисток, додека металните повеќе одговараат на север, северозапад и запад. Кога се поставени пред остри рабови, ѕвончињата го ублажуваат нивното штетно влијание, а закачени на влезната ја прочистуваат аурата на лицата кои влегуваат. Ѕвончињата можат да се закачат, како стражари, во мирните агли и на тој начин штитат од налетот на штетното Чи.
При користењето на ѕвончињата треба да се имаат предвид следните правила:
• немојте да седите веднаш под ѕвончињата;
• не ги закачувајте веднаш над вратата или прагот;
• закачете ги таму каде што има воздушно струење – најдобро покрај прозорец.
Ѕвончињата се добри за некои корекции на неповолни ситуации:
• истакнати агли и носечки тавански греди;
• две или три врати во права линија;
• врата која се наоѓа спроти скали, тоалет или балкон.