Без разлика дали станува збор за чекорење по белиот снег или за прекрасна бела венчаница, белата фасцинира со својата фенг шуи енергија на смиреност и невиност.
Белата боја и во јогата се смета за една од врвните боја. Таа е боја на крајна мудрост и асимилација на сите животни лекции.
Според фенг шуи, белата боја му припаѓа на елементот метал. Неговата енергија е јасна, свежа и чиста. Белата е боја на нови почетоци, како и на јасни завршетоци.
Одлична е за употреба било каде во домот, а особено за нагласување на посветлите бои. Таа се препорачува во подрачја каде што металот е доминантен елемент, како што се западот и северозападот.
Според фенг шуи, треба да се обидете да ја ограничите во подрачјата на истокот и југоистокот, односно користете ја повеќе како детаљ, а не како главна боја.