Образованието кај древните Кинези било од исклучително значење, па така фенг шуи посочува повеќе лекови за подобро учење.
Според багуа, односно енергетска мапа на фенг шуи, западното подрачје на просторот е поврзано со енергијата поврзана со благосостојбата на децата. Доколку правилно е уредено, тоа може да произведе квалитетна енергија која ќе поттикне кај децата љубов кон учењето.
Фенг шуи елементот на западот е метал, па затоа треба да се избегнуваат бои, облици и слики на оган, бидејќи тој елемент го топи металот. Затоа, избегнувајте црвена боја на ѕидот, уметнички дела со оган или голема црвена гарнитура за седење или тепих во западното подрачје.
Во западното подрачје, кое е поврзано со добробитта на децата, ставете ги нивните ракотворби или фотографии од нив на кои се насмеани, во бели или метални рамки.
За да го засилите ова подрачје, ставете парчиња мебел и предмети кои го застапуваат елементот метал (во бела и сива боја) или елементот на земја (cветло жолта или боја на песок).
Учењето треба да биде на место близу изворот на светлина. Книги треба да бидат поставени на видно и лесно достапно место. Најповолно е кога ќе влезе во својата соба прво да ги види наредените книги. Карта на светот или глобус поставете во северното, североисточното или западното подрачје на детската соба исто така ќе внесе позитивна фенг шуи енергија.
За крај, детето во својата соба секако треба да има здрава околина која ќе му овозможи добар сон и енергија за урамнотежен и здрав развој.