Доколку сакате да одредите кои бои се погодни за различни простории во домот, според фенг шуи, потребен е компас со кои ќе ги определите страните на светот.
Боите за кои ќе се одлучите може да се применат на ѕидовите, завесите, теписите, прекривките, перничињата.
На северот може да се најдат сите нијанси на сината и црната боја. Не смее да се мешаат со црвена боја, боја на елементот оган, бидејќи водата го гаси оганот. Затоа, тие може да се комбинираат со зелената и окер жолта (земјени бои).
За североисток, центар и југозапад поволни се сите земјени бои од окер до беж. Овие бои добро се сложуваат со метални, но може да се комбинираат со водени бои.
За запад и северозапад погодни се сите нијанси на метални бои (златна, сребрена, бела). Се сложуваат со водени бои, а никако со земјаните.
На југот се црвената, портокаловата и жолтата. Добри се комбинација со кафени бои, но никако со сината.