
Финансиите се поврзани со југоисточниот дел од просторот. Затоа добро е да се разгледа овој сегмент од просторот на домот, односно деловниот простор. Ова важи за секоја поединечна просторија. Лошо е доколку во ова подрачје има неисправни, расипани и оштетени предмети, напукнато стакло, поткршени вазни, искршени штекери или предмети кои со години не ги употребуваме. Сите тие допринесуваат за создавање на устоена енергија кој доведува до стагнација и проблеми во циркулирањето на енергијата на парите во нашиот живот.
Доколку имате балкон односно лоѓија на југоисточниот дел, искористете ја за активација на благосостојбата така што во неа ќе ставите многу зеленило, како едногодишни така и трајни растенија, како и мебел од дрво. Најлошо што може да направите е на ваков балкон да држите ѓубре, предмети кои не ги употребувате, односно тој да биде претворен во неуреден склад.
Елементот вода има голема улога во активација на финансиите и благосостојбата. Водата е исклучително битна во фенг шуи, па така се дава големо внимание на изборот на активатори кои ќе го претставуваат елементот вода.

Во прв ред кога ќе се каже вода, се мисли на вода во движење – собните фонтани или каскади, како и аквариумите. Овие активатори со својата големина треба да соодветствуваат на големината на просторијата бидејќи со преголем аквариум или фонтана ќе се постигне спротивниот ефект.
Водата која стои во садовите го претставува јин сегментот и не допринесува на активирање на благосостојбата.
Елементот вода исто така може да се претстави и со ликовен приказ. Може да одберете слики, фотографии, постери и сл. на кои е прикажана река, море, поток или езеро. Внимавајте притоа на сликата да не е прикажано бура (која може да доведе до бура во вашите финансии), но исто така не треба да има ни премногу мирна состојба. Значи, умерено големи бранови кои не делуваат застрашувачки се добар избор.
Елементот вода во просторот може да се внесе и со помош на слики или фигури на делфини, риби, морски коњчиња, и сл., како и со макети и слики на бродови.

Исто така, и школките може да бидат добар активатор, особено доколку ги ставите во стаклен сад и во него додадете неколку монети.
Во фенг шуи се препорачува активаторите на благосостојба да се постават во југоисточниот дел од просториите на домот. Не е добро ниту да се претерува со бројот на активатори, односно доволно е да се постават 2-3 активатори и едно растение.