
Кујната, според фенг шуи, е главното место во домот за проток на енергијата на здравјето и парите, со што нејзиното уредување добива на важност.
Кога станува збор за изборот на боите, тој зависи од местоположбата, односно ориентација во однос на страните на светот.
Доколку кујната се наоѓа на југ или на југозапад, поволни се живите бои, а особено огнено црвената, жолтата, темнопортокаловата или виолетовата.
На кујната на запад се препорачуваат чисто бели, сиви, како и топли земјани тонови. Кујната на североистокот добро е да биде во земјани тонови.
Во источната и југоисточната кујна владее елементот дрво, за затоа одлични бои се зелената и кафената.
Доколку кујната се наоѓа во централниот дел, тука се спојуваат сите елементи, па може да се употребат комбинации, сина и црна, бела и сива...