
Што е тоа што прво го здогледувате кога се будите? Доколку е нешто убаво, инспиративно и позитивно, тоа ќе има влијание на вас и вашето расположение.
Убавите слики или инспиративните уметнички дела во спалната соба позитивно делуваат на протокот на добрата енергија. Одберете дела со свежи и весели бои кои ќе ви дадат полет и енергија за да го поминете работниот ден. Сликата треба да имаат позитивни и инспиративни мотиви, кои ќе делуваат позитивно на вас.
Спалната соба е место за релаксација, одмор и емотивно закрепнување, па затоа треба да се избегнуваат слики кои содржат мотиви и призори со агресивна енергија, кои делуваат негативно на фенг шуи.