
Положбата на креветот, според фенг шуи, има големо влијание на човековата психичка состојба и здравје. Освен основните правила за положбата на креветот во спалната соба (види на овој
линк), и положбата на заглавјето во однос на страните на светот има влијание на енергијата на човекот.
Кога зaглавјето е свртено кон север, ваквата положба на креветот е поволна за луѓето кои страдаат од несоница, особено за повозрасните лица. Ја зголемува смиреноста и делува во насока на намалување на крвниот притисок. Недостатоци на оваа положба е недостаток на креативна енергија и елан.
Насоченост на заглавјето кон исток е идеално за деца и млади луѓе. Поттикнува на рано станување, повеќе енергија, раст и развој. За повозрасните оваа положба може да биде преинтензивна, па не е поволна за хиперативни и анкциозни лица.
Јужната положба се поврзува со вишок на енергија и ја поттикнува страста. Може да делува на појава на несоница и раздразливост, како и лоши соништа.
Ако заглавјето на креветот е кон запад, оваа положба нуди пријатно чувство, задоволство и уживање. Сепак, може да поттикне мрзеливост и недостаток на енергија, па зато не се препорачува на луѓе насочени кон градење кариера и постигнување деловен успех.