Хризантема
Според фенг шуи, хризантемата е исклучително поволна бидејќи цути тогаш кога сите растенија се во состојба на зимско мирување. Поволна е во сите бои и може да се посади во зависност од боите во различни сектори на градината.
Сепак, жолтата хризантема, особено онаа со тркалезни цветови, се смета за најповолна бидејќи жолтата боја симболизира удобен живот.
Божур
Кинезите го нарекуваат крал на цвеќето, а симболизира богатство, слава, но и страсна љубов. Божурот ја претставува женственоста и убавината, па така може да го освежи животот на самците.
Нарцис и останато луковичесто цвеќе
Нарцис симболизира голема среќа, особено во подрачјето на кариерата и работата. Определете се попрво за видови со големи цветови бидејќи минијатурните нарциси не се поволни. Ако сепак инсистирате на мали нарциси, комбинирајте ги со големи. Нарцисите најчесто имаат жолти цветови, кои се полни со јанг енергија и симболизираат постепен успех во хиерархиското скалило, но и белите нарциси се поволни за активирање на успехот на работата.
Лилјан
Се смета за аристократ меѓу цвеќињата, кое носи многу добар фенг шуи. Позиционирајте го во градината во зависност од бојата на цветот – белите на северозапад и запад, жолтите на југозапад, североисток и центар, а портокаловите и црвените на југ.
Лотос
Доколку имате езерце, ова е најповолно растение кое може да го одгледувате. Во природата расте на места каде што има мил и нечистотија, но затоа цути со прекрасен бел и чист цвет. Лотосот симболизира духовен напредок и просветлување. Тој го поттикнува чувството на задоволство и ги привлекува добрите прилики. Над овој цвет може да се медитира бидејќи апсолутно е совршен. Тој претставува и утеха во тешки моменти.
Лаванда
Ова извонредно, лековито растение е исклучително поволно во фенг шуи, првенствено поради комбинацијата на сребренести листови и пурпурни цветови, која комбинација симболизира просперитет и благосостојба. Поволна е во сите сектори, а особено на запад, северозапад и север, но пожелно е и да биде во близина на влезната врата бидејќи, според фенг шуи, привлекува добри финансиски прилики.