Во фенг шуи, зелената боја му припаѓа на елементот дрво и претставува симбол на обновување, свежа енергија и нов почеток.
Зелената боја делува поволно на здравјето на домашните, делува смирувачки и го балансира телото внесувајќи исцелителни фенг шуи вибрации од природата. Може да ја употребувате во источното, југоисточното и јужното подрачје на домот.
При употреба на зелената боја, треба да се користат неколку различни нијанси од неа за да се максимизира ефектот на енергијата – од свежа пролетна на тукушто излезените пролетни лисја до силна зелена боја кај дабовите. На располагање стојат илјадници нијанси.
Одличен начин да се внесе зелената боја во домот е со помош на растенија кои имаат бујни зелени листови.