Фенг шуи: симболиката на паунот
Птиците се често употребувани симболи во фенг шуи. Поради нивната убавина и можност слободно да се вивнат во небесните широчини, секогаш биле извор на инспирација кај луѓето низ вековите. Во фенг шуи, различни птици носат различна симболика.
Секако, една од најистакнатите меѓу нив е прекрасниот паун. Паунот со својата убавина го одзема здивот и предизвикува восхит.
Паунот е симбол на убавина, романтика и љубов. За подобрување на љубовната среќа и привлекување на саканиот партнер поставете фигура или слика на паун или пауново перје во јужниот дел од домот.
Раскошните бои на пауновата опашка наликуваат на илјадници очи кои ве гледаат и бдеат над вас, носејќи, според фенг шуи, среќа, слава и заштита.