Златната боја му припаѓа на елементот метал и е поврзана со западот и северозападот. Во фенг шуи се смета за ислучително позитивна, топла и ведра боја.
Таа е боја на богатството и благосостојбата. Според фенг шуи, носи успех во финансиските зделки, и делува позитивно на угледот и честа. Поврзана е со сонцето и со неговата енергија којa дава живот.
Хармонично делува на срцето и го опушта, па се верува дека има заштитни својства.
Сребрената боја, како и златната, е метална боја поврзана со западот и северозападот.
Таа е постудена боја и делува пречистувачки на духовно и телесно ниво. Таа просветлува и делува лесно и слободно. Таа е боја на месечевата светлина и ја симболизира нејзината мистична енергија.
Овие две бои може да се внесат преку предмети, монети, уметнички слики, како и преку боја на ѕид.