
При уредувањето на еднособен стан, односно гарсониера, според фенг шуи најважно место е она каде што ќе биде поставен креветот.
Креветот треба да биде прилепен до ѕидот, а неговото подножје да не гледа кон излезот од гарсониерата. За да се создаде чувство на заштитеност, може да се постави некој параван или парче мебел, со што ќе се оддели овој простор од остатокот на станот. Сепак, не треба да се создаде простор со три ѕида.
Доколку креветот се употребува и за седење преку денот, може да се стават прекривки со интензивни бои и големи перници за да се создаде чувство на топлина и удобност.
Положбата на мебелот за лежење или седење во гарсониерата треба да овозможи поглед на влезната врата во гарсониерата.
Трпезариската маса најдобро е да се постави каде што има најмногу светло, особено ако служи и како работна маса.
Останатиот мебел треба да се распореди според потребите и просторните можности на гарсониерата.
За да се зголеми чувството на пространост, со употреба на огледала ќе се постигне визуелно зголемување на просторот.
На влезот во гарсониерата нека има доволно светло кое ќе овозможи непречен влез на Чи. Доколку има неосветлени агли во просторијата во кои има устоена енергија, засилете го осветлувањето или поставете кристали за да благотворната Чи енергија ги посети и овие делови од станот.
Според фенг шуи, просторот во гарсониерата се третира исто како и оној во голем стан или куќа. Самата големина на станот нема влијание на здравјето, богатството или среќата, па ако се уреди на правилен начин, тој ќе биде безбедно место каде што може да се реализира посакуваното.